Извидничкиот одред “Димитар Влахов“-Велес, во периодот од 17-19.10.2014 год. ќе биде домаќина на Државниот Извиднички Ориентационен Натпревар – ДИОН 2014. Ова натпреварување ќе се одржи на потегот на селата: Голозинци – Лисиче – Горно Врановци – Голозинци. Околу 100 извидници од Република Македонија, ќе бидат сместени во извидничкиот центар “Голозинци“ во истоименото село. На ДИОН 2014, извидниците од Велес покрај тоа што ќе бидат домаќини ке земат учество со три патроли и тоа во категоријата за постари извидници во машка и женска конкуренција и во натпреварите за помлади извидни со една екипа. Старешина на ДИОН ќе биде Ангелче Гушев, а претседател на натпреварувачката комисија Влатко Влахчев. Извидниците од Велес повеќепати биле домакини на ваков вид на натпревари, а се одржувале на терените на езерото Младост и Велес во село Ораовдол и Јасеново. Патролите на велешкот градски одред веќе подолг периодот се подготвуваат за ова натпреварување.