Општина Велес во соработка со Сојузот на спортови на Велес на 28.12.2023 год. (четврток) ги додели годишните награди за најдобри спортисти и спортски екипи и спортски настани. Градоначалникот Марко Колев на овој настан ги поздрави сите успешни спортски настани, спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешни спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешен Судија и најуспешни спортски екипи, сениори и млади и спортски манифестации.
Признанието за традиционални вредности го понесе Вардарската регата “Гемиџии“
Организатор на оваа манифестација беше извидничкиот одред “Димитар Влахов“ –Велес, предводен од м-р Ангелче Гушев.