Благодарница по повод 21-ви август денот на Општина Чашка

На 21.8.2025 год. (среда) со со свечена седница започна одбележувањето  на 21-ви Август, денот на Општина Чашка. Во присуство  на Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, Претседателот на совет на општина Чашка Трајче Мишковски, преставници од касарната во Велес , советниците од советот на општина Чашка, директори на локалните институции од нашата општина и Велес како и бројни гости, го одбележуваме денот на општина Чашка по 29-ти пат.

Во своето обраќање градоначалникот Стојановски напомена дека денес после скоро 8 години како прв човек  на општина Чашка, посакува искрено општината  да  продолжи да се развива со забрзано темпо како во изминатите години и да прерасне во модерна општина со комплетно урбанизирани населени места ,општина на задоволни и среќни граѓани.

Со одлука на Градоначалникот на општина Чашка по повод денот на општина Чашка  Благодарница за афирмација  на општината и поддршка преку низа општествени активности  како во општината така и надвор од границите на општина Чашка доби и извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес. Благодарницата ја прими началникот на одредот Иван Гушев

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.