На 17.3.2026 год. (вторник), по повод 17 март – Ден на крводарителството во конференциската сала во хотел Интернационал во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес се организираше Свечен настан за доделување на јубилејни признанија за крводарителството.
Во рамките на овој настан беше доделена Благодарница на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес за организација и постигнати резултати во крводарителството, за покажаната хуманост и солидарност.
Во името на Општинската организација на Црвениот крст на Велес, Благодарницата беше доделена од страна на Претседавачот на Советот на Општина Велес, г-дин Даниел Јаневски на старешината на одредот, м-р Ангелче Гушев.



