Активности од проектот “ Една идеја , еден сон- една цел“

Согласно проектните активности во месец јануари и февруари се посетија дел од населените места во Општина Чашка. Преку посетата се остварија средби со млади лица и воедно одбраа локални координатори со кои Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес ќе биде во контакт и остварува соработка. Комуникацијата со локалните кооринатори од населените места има за цел потттикнување на младите и можност за актибно нивно вклучување во креирање на локален акционен план за млади во Општина Чашка.
Во месец јануари – февруари локални координатори за комуникација имаме од населените места : Населба Чашка, Голозинци, Мелница, Горно Врановци, Дреново, Горно Јаболчиште, Долно Јаболчиште, Долно Врановци, Мартолци, Согле, Теово, Оморани, Богомила, Ореше, Нежилово, Извор.
Во месец март до денес, се посетија и избраа локални координатори и од населните места : село Чашка, Еловец, Лисиче, Отиштино, Војница, Бистрца, Папрадиште. На крај очекуваме 29 локални координатори од 42 населени места на Чашка.
Воедно се подготвува и анктениот прашалник за потребите на младите и истиот ќе се спроведе низ населените места на Општина Чашка. 200 млади на возраст од 15 до 30 години ќе имаат можност да учествуваат со нивните потреби се со донесување на одлуки на локално ниво и подобрување на животот на младите во населените места во Чашка.
Проектот „ Една идеја, еден сон- една цел“е поддржан преку проектот„ Правна помош и поддршка за зајкнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални и граѓански организации “, финансиран од Европската Унија.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.