Идејата на мотото е бесконечниот лимит на младите и нивните можности во секој поглед.Исто така мотото беше поврзано и со самата земја Македонија која е кандидат за влез во Европската Унија и официјалното мото на Македонија е „И сонцето е Ѕвезда“ – And the sun is the star too“.
Учествотот на Смотрата во програмскиот дел имаа со извидниците на возраст од 11-18 години.
Контигентите беа составени на принципот на секој 9 учесници доаѓа еден водач додека и секој контингент имаше свој менаџмент тим составен од 4 извидника кои се на возраст над 19 години. Извидниците над 18 години од другите национални сојузи од Југоисточна Европа и Европа беа дел од програмскиот тим, односно да раководат со некоја од активностите или да бидат партнер во водењето на активноста со македонски извидник од списокот на акитвности од програмата.
Програма на 10- та Смотра на СИМ беше поделени во 4 клучни области и тоа се следниве: Култура, Извидништво, Историја и традиција и Спорт. Во 4-те програмски области можеше да се најдат следниве работилници:
1.Култура:
А. Рачни изработки: (макетарство, правење лежалики од јаже, плетење јажиња, плетење алки, изработка на фигури од бакарна жица, пишување на дрвени штипки со леткум
Б. Визуелна Уметност: (фотографска работилница, графити и стрипови, колаж од природни материјали, Body art
В. Музика: (танци –стандардни, музички инструменти и пеење, алтернативни музички инструменти
Г. Театар: (глума, сценографија и костимографија, кукларство, работилница) за презентација на француската култура
2.Извидништво: (пионерство, историја на извидништвото, преживување, огништа, ППЗ, прехрана во природа + употреба на лековити билки, изработка на корпи за отпад, изработка на јажиња од природни материјали
3.Историја и традиција: (традиционални Македонски танци, традиционални Македонски инструменти, ткаење, традиционална подготовка на сирење, историја на околниот крај
4.Спорт: (фудбал, едрење, нуркање, одбојка, стреличарство, веслање, спортско качување по карпа, веслање 4, Human football
Покрај овие 4 области програмата нудеше и хајкови кои беа надвор од програмската шема и тоа се следниве: Дводневен хајк, Ноќен Хајк, Хајк за преживување и Моунтиан бике Хајк
Официјалното отварањето на 10-та Смотра на Сојузот на Извидниците беше на 21 Јули (понеделник) со почеток од 10:00. 10 Смотра на СИМ ја отвори пратеникот при Републичкиот парламент, г-дин Илија Димовски, а официјалното затварање на 10-та Смотра на Сојуозт на Извидниците на Македонија бешe на 27 Јули (Недела ) со почеток во 20:00 часот со обраќање на Старешината на Смотрата, Илија Чадиев и началникот на Смотрата Ангелче Гушев .
Меѓународен ден на Смотрата беше организиран на 24.07.2008 година и траеше цел ден и беше како еден извиднички саем каде што секоја замја, национален контигент , одред се презентираат на свој штанд. Исто така овој ден секоја земја, вечерта имаа можност да се презентираат на главната сцена со своја програма.На оваа 10 Смотра на СИМ се одржа и Ден со Ветераните кои се реализираше на 26 јули 2008 година. Учествуваа ветерани од Велес, Скопје и Кичево.
Целата смотра беше составена од четири подкамповите и беа наречени по соѕвездија и тоа:
Подкамп број 1: Ursa Major – Голема Мечка
Подкамп број 2: Lynx – Рис
Подкамп број 3: Camelopardalis – Жирафа
Подкамп борј 4: Cassiopea
Штаб на смотра и канцеларии на СИМ: – Draco – Змеј
Работилници (Глобално развојно село) – Cepheus – Крал Кефеј
Штабот на 10 Смотрата на СИМ беше следен:
Старешина на Смотрата: Чадиев Илија – Чади
Началник на Смотрата: Гушев Англече-Гуше
Началник за Програма: Маја Марковска
Началник за логистика: Дончо Петревски
Началник за инфраструктура: Таше Пасинечки
Началник за односи со јавност – Дејан Ѓорѓиев
Началник за меѓународни односи – Драган Анчевски
Техничко лице на Смотрата – Јане Денковски
Старешина на СИМ – Боге Спасеноски
Генерален Секретар на СИМ – Никола Здравески
ЕВС на Смотрата – Анотоан Гонзалес
Реализација на програмски активности по области ги водеа следните извидници:
1.Извидништво: Ивица Николиќ – Циви
2.Култура – Јасмина Картовска – Јаци
3. Спорт – Сашо Петрески
4. Историја и традиција – Слободан Јанвески –Цобе
Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес зема учество со дваесет извидници. Треба да се нагласи дека единица од десет извидници од нашиот одред заминаа една недела предходно во Бунец за да ја постават целокупната инфраструктура на 10 Смотра на СИМ. За сите наши одредски активности можете да погледате во ФОТО ГАЛЕРИЈА.