Делегација на Косово во посета на Фондацијата Фокус

Во периодот од 8-10-ти јули, во студиска посета на Општина Велес престојуваше делегација на претставници на Министерството за локална самоуправа, градоначалници, членови на општински администрации од Косово и претставници на Светска Банка. Во рамките на посетата гостите од Косово на 10-ти јули беа во посета на Фондацијата Фокус, каде што им беа презентираа искуствата на НВО секторот во Велес во процесот на децентрализацијата, инфраструктурата, локалниот економски развој, образованието, културата, екологијата и комуникацијата со јавноста. На оваа средба учество зема и Ангелче Гушев како претставник на извидничкиот одред “Димитар Влахов“, кој воедно се осврна и на работата на “Зелената коалиција“. На оваа средба учествуваше и Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Аце Коцевски

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.