Велешките извидници трети на 42 Меморијал “Чика Драги“ во Ниш

nis2Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес на покана на извидничкиот одред “Мија Станимировиќ од Ниш, Република Србија во периодот од 12 до 14 мај 2017 година во месноста Белотинац со осум извидници – зема учество на “42 Меморијал Чика Драги“. Овој меморијал претставува еден од нај старите и нај посетен извиднички собир на извидници во Република Србија. На оваа манифестациија учество земаа повеќе 150 извидници од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија со околу 30 патроли кои се натпреварува во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен.
Извидниците од Велес кои се натпреваруваа во рамките на “42 Меморијал Чика Драги“ во категоријата на истражувачи го освоија третото место. Патролата која го освои третото место беше во состав: Благојче Ѓорѓиев, Трајче Темелковски, Мартин Голчев, Теодор Ѓорѓиев и Иван Гушев. Првото место им припадна на извидниците од ИО “Ѓука Диниќ“, а додека вторто место им припадна на извидниците од Крал Петар I и двата одреди од Ниш.

?

Еден коментар

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>