Тековни Б2Б средби преку проектот „ МЛАДИТЕ ВО АКЦИЈА “

logo_civica-1Успешно се имплементираат Б2Б средбите со претставници од бизнис секторот и здруженијата на граѓани кои се дел од  проектот „ Младите во акција“ во Велес и Чашка. Претставниците од бизнис секротот и здруженијата на граѓани сметаат дека имаме потреба од позитивни примери на препознатливи претприемачи во локалната среина со цел да се поттикнат младите, да се мотивираат и си ја повратат довербата во самите себе за започнување на сопствен бизнис. Предложена мерка за заедничко дејствување и градење на доверба и препознатливост помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор да се подигне свеста на младите дека треба да работат прво одговорно,а  потоа да размислуваат на заработувачка. Можност за воведување на отворени денови за промоција на локалните претрпијатија и државните заедници со цел  вклучување на младите во локалните претпријатија, самите да ја увидат на лице место состојбата со вработувањето, работните места и можност да се пронајдат самите себе си во истото претпријатие.Дел од локалните претпријатија сметаат дека младите не сакаат да работат, не се заинтересирани и се задоволуваат со малку средтсва кои ги добиваат од своите родители, баби ,дедовци, и стануваат мрзливи и недоволно едуцирани односно не вложуваат во својои личен развој и дополнителна едукација. Како мерки се предложуваат разговори со родителите кои денес ги издржуваат своите деца и ги поддржуваат во своето седење дома. Неопходна е обука со јасно дефиниран временски период особено за занатчиските дејности со цел да се обучат младите и поттикнат на самовработување. Малите семејни занаетчиски дејности се можност за самовработување и враќање на довербата кај младите.Државата да размисли за можноста на намалување на придонесите , денес тие изнесуваат 43% од вкупните придонеси, неопходно е да се создадат услови за набавка на нови машини, подобрување на локалната инфраструктура, пат, вода, канализација , создавање на брзи постапки и можности за  работа, поттикнување на младите да се вратат во руралните средини и да се вложи во создравање на реални кадри кои соодветствуваат на потребите на локалните претпријатија.

Б2б средби се позитивен пример за собирање на информации од страна на претпријатијата и создавање на реална слика за нивните потреби, мерки за надминување на проблемите со кои се соочуваат и мерки за промоција на претприемништвото.

Проектот „ Младите во акција“ , е проект на  ЦИВИКА МОБИЛИТАС  АД ХОК Грантови имплементиран од Извиднички одред  „ Димитар Влахов“.

 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.