Создавајки ја стратегија за промоција и маркетинг на Вардарскиот Плански Регион (ВПР) за периодот 2011-2015, се одржа втората работилница на која се создаваше Визијата и Стратегија за промоција и маркетинг на туристичките потенцијали на Регионот. Работилницата се одржа на 28 март 2011 г.во Мотел Монтенегро Ревиера во Велес.
При создавњето на визија за промоцијата и маркетингот на туристичките потенцијали на Вардарскиот плански регион се формираа и цели и претпоставки за успех на Стратегијата за промоцијата и маркетингот и се дефинираа туристичките производи на Вардарскиот плански регион, сегментација на туристичкиот пазар и ииференцирање на туристичкиот производ. Како претставници на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, беа Душица Здравевска и Мартин Јошевски.