Средба со локалните власти на градот Поликастро, за време на Вардарскатa регата “Гемиџии“ 2026

На 20.6.2026 год. (сабота) во Поликастро, Република Грција за време на XXVI Вардарска регата “Гемиџии“ се одржа  работна средба помеѓу претставниците од Првата извидничка чета на Поликастро и претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Република Македонија. На оваа средба учество зема и заменик-градоначалникот за туризам Кирос Калавазис, кои во целост даде поддршка во организирањето на Вардарската регатата “Гемиџии“ 2026.

На оваа средба се разговараше за поддршка на локалната самоуправа на Поликастро и извидниците од Поликастро односно поддршката што по трет пат ја  дава Првата извидничка чета на Поликастро при реализацијата на Вардарската регата “Гемиџии“ 2026 при пловењето кон Солун но сега и градот Поликастро. Беа договорени сите наредни активности од двете страни на активностите кои се организираат од нашите единици. Делегацијата на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес ја сочинуваа: м-р Ангелче Гушев, Владимир Ивановски – Вуцо, Иван Гушев и Михаил Здравковски.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.