Симболиката на извидничкиот поздрав

Една од првите задачи кои што треба да ги научите со самото пристапување во извидничкото движење е поздравот. Некои можеби и не знаат што симболизира десната свиткана рака со три исправени прсти и свиткан палец преку малиот прст. Ке пробаме да појасниме….

– показалецот ја симболизира обрврската кон себе, сопсвеното почитување и почитувањето на своите сопствени зборови…
– средниот прст ја симболизира обрската кон другите, односно почитувањето на луѓето околу себе……
– третиот прст различно се толкува. Во некои земји, тој ја симболизира обрвската кон бога, а некаде кон духовната реалност. Во Македонија овој прст се дефинира како обврска кон духовната реалност
Палецот преку малиот прст го симболизира следното: по јакиот го заштитува по слабиот, слабиот е поддреден кон појакиот и воедно го почитува.
Симболиката на “трите прста“ се наоѓа и во цветот на кринот, додека пак прстенот во цветот го симболизира поврзувањето и единството, а иглата – посветеноста кон ориентацијата.
Двете ѕвезди петокраки во кринот ги симболизираат десете извиднички закони.   
 
 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.