Седница на стрешинството на СИМ

  Старешинството на Сојузот на извидниците на Македонија, ја одржа четвртата седница  која се одржа на 10.02.2008 (недела) во Скопје со почеток во 11:00 часот со следниот дневен ред: 
 
 
 
 
 
 
 

ДНЕВЕН РЕД

1.    Собрание на СИМ

– Предлог дневен ред;
– Предлог датум и  место на одржување;  
2.    Стратегија на СИМ

3.    Смотра 2008

4.    Технички информации и прашања:

–    Извештај за Светскиот собир на Извидници; (истиот беше
–    Извештај на работните тела во СИМ;
–    Придружни членки на СИМ
–    Униформираност на СИМ
–    Канцеларија на СИМ (технички информации)
–    Активности за 22.02.2008 година – Светски ден на Извидниците;
–    Асистент на Канцеларија на СИМ
–    Информација за нов волонтер во канцеларијата на СИМ
–    Анкетен лист за РИОН

5.    Разно

Редовна средба на Советот на старешини ќе се одржи на 24.2.2008 год. (недела) со почеток во 11.00 часот.
Собрание на СИМ  ќе се одржи на ден 16.3.2008 год. (недела) со почеток во 11.00 часот
Беше разгледан и усвоен извештајот од учеството на 21 Светско Џамборина Македонскиот контингент во Англија.
Старешината на 10 Смотрата на СИМ ќе го посети теренот каде што ќе се одржи смотрата и ќе разговара со институциите во Маврово.

Беше промовиран постерот на 10 Смотра на СИМ. Покрај тоа беше промовирано и логото на смотрата и мотото кое гласи “Допри до ѕвездите“. 
На ова старешинство од страна на Ангелче Гушев се побара оставка на Бирото на СИМ на чело со Хртистијан Мирчевски, од причина што Бирото на СИМ не функционира веќе подолго време, а во континуитет нема комеасари за програма и обука, а кој всушност се во корелација со Стратегијата за развој на СИМ . 
Новиот волонтер кои што работи во канцеларијата на СИМ е од Франција и се вика Антоан Гонзалес.
СИМ даде поддршка на Зелената коалиција која се бори за преселба на Велешката Топилница за цинк и олово надвор од постоечката локација.
 

 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.