ООУ “Петре Поп Арсов“ од Богомила – Општина Чашка, на 20 март 2009 год. (петок), во селото Теово го организираше третиот Саем на здрава храна под мотото “Поблиску до природата“. На овој Саем на здрава храна можеше да се набават земјоделски производи одгледани во чиста еколошка средина и тоа од ренот на селата Стариград, Теово, Согле, Богомила, Ореше, Нежилово, Извор, Мартолци, Оморани и Владиловци.
Средствата собрани од продажбата на земјоделските производи ќе бидат наменети за унапредување на воспитно – образовниот процес на училиштето. Покрај ова на саемот можеше да се дегустираат и локалните специјалитети подготвени од вештите раце на мајките и бабите на учениците при училиштето. Во рамките на програмата на третиот саем на здрава се организираше и посета на манастирот “Св.Архангел Михаил“ и црквата “Св.Атанасиј“ Овој саем го отвори Градоначалникот на општина Чашка, г-дин Стојан Маневски и директорката на училиштето, г-ѓа Нина Маркова.
На оваа манифестација извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес зема учество со пет извидници.
На оваа манифестација извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес зема учество со пет извидници.