На покана на регионална телевизија К1, старешината на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев на 5.10.2016 год. (серда) беше гостин во утринската програма “Утрински зрак“ на споменатата телевизија. Во рамките на 35 минутниот разговор со водителката Ања Василева беше разговарано на следните теми:
– извидничкиот караван во организација на Сојузот на извидници на Македонија кои беше реализиран на 1.10.2016 год. (сабоата) , неговата цел, продолжување на караванот низ Македонија и доближувањето на Извидништвото до младите лица,
– изборно собрание на СИМ и изборот и мандатот на Влатко Влахчев во Старешинството на СИМ
– организирањето на 30те и 31те Средби на извидници Велес 2016 кои што се одржаа во с.Голозинци и натпреварите во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен, прва помош и сигнализација
– извиднички активности со кои се започнаваат да се одбележуваат 65 годишното постоење на одредот во Велес и Република Македонија и централната манифестација по повод 65 годишното постоење на одредот
– учество во проектот “Градење на локални капацитети за креирање на младински политики
– идни активности
Со учеството на старешината на одредот на оваа утринска програма гледачита на повардарскиот регион имаа можност во целост да се запознаат со активностите на одредот како најстара младинска организација во Република Македонија.