Реализирани активности во рамките на проектот “Младите носители на промените“

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес реализирајќи го проектот “Младите носители на промените“, успешно ги реализираше планираните активности во рамките на проектот “Младите носители на промените“, а беше реализирано:

  • анкетата и нејзината анализа и
  • направен избор на 29 локални кординатори во рамките на проектот.

Гореспоменатите активности беа реализирани во 29 месни заедници во Општина Чашка и тоа во периодот март – април 2020 година.
Следејќи ги препораките и мерките на Владата на РСМ го подготвуваме и првиот камп за млади кои треба да се одржи во извидничкиот центар “Голозинци“ во истоименото село во Општина Чашка.

“Младите носители на промените” е проект спроведуван од извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес . Овој проект е добиен во рамки на „Граѓанскиот ресурсен центар “ финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип.“

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.