Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село. На средбите учество земаа повеќе од 80 извидници од Република Македонија (Скопје, Прилеп, Св.Николе) и Република Србија (Ниш и Нови Сад).

Беше постигнат следниот пласман во категорија истражувачи/ровери:

I место – патрола Винкс – ИО Мија Станимировиќ, Ниш – Република Србија
II место – патрола Кота – ИПО Галеб, Скопје
III место –  патрола Екипата на Станковски – ИПО Јадран, Скопје

Патрола Винкс – ИО Мија Станимировиќ, Ниш – Република Србија
Патрола Кота – ИПО Галеб, Скопје
Патрола Екипата на Станковски – ИПО Јадран, Скопје

Во категоријата извидниц беше постигнат следниот

I место – патролата Соларни панели – ИПО Јадран, Скопје

Патролата Соларни панели – ИПО Јадран, Скопје

Со организирањето на 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026, започнува натпреварувачката мегуодредска сезона во Сојуз на извидници на Македонија. Покрај натпреварувањето во топографија и ориентација во природа се организираше и практична демонстрација на ПРВА ПОМОШ  и останатите извиднички активности.

И оваа година извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес докажа дека има голем капацитет и знае да изорганизира големи републички акции.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.