На 7.10.2025 год. (вторник) во Домот на НВО во Велес се одржа работна средба помеѓу старешинството на извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес и старешинството на Сојуз на извидници на Македонија. На средбата учество зема старешината на СИМ Миќо Стојановски со членови на старешинството на СИМ и извршната канцеларија на СИМ. А од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“ учество земаа членовите на старешинството на одредот и надзорниот одбор на одредот. Оваа средба беше по барање на старешинството на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес се со цел да се надминат некои недоразбирања.

На средбата се работеше по следниот дневен ред:
- Помош и поддршка во развојот на извидничкото движење во Велес
- Несогласување и начин на соработка помеѓу СИМ и ИО Д.Влахов
- Отчетност на Старешинството на СИМ и УО на ИЦО Охрид
- ИЦО Охрид – Развој и негово функционирање
- Тековни прашања

На оваа продуктивна средба се отворија голем број на прашања кои беа во насока на развојот на извидништвото во Велес и надминување на недоразбирањата помеѓу нашиот одред и старешинството на СИМ. На оваа средба беа догворени понатамошни активности помеѓу нашите два субјекти.
