На 03.04.2015 година (петок) се одржа Првата работилница на тема: „Детално објаснување на принципите на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот“. На Презентација беше преставени „Историјата и Седум главни карактеристики на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во руралниот развој“ и тоаКарактеристика 1: Територијално базирани стратегии за локален развој Карактеристика 2: Пристап „од долу нагоре“ Карактеристика 3: Јавно-приватно партнерство: Локални акциони групи (ЛАГ) Карактеристика 4: Овозможување иновации Карактеристика 5: Интегрирани и мулти-секторски активности Карактеристика 6: Вмрежување Карактеристика 7: Соработка
Потоа беше реализирана и Презентација „Спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот на локално ниво потребни чекори за воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Вардарскиот регион“
а) Зајакнување на капацитетите
б) Приближување на локалните заинтересирани страни
в) Анализа на територијата
г) Идентификација на постоечките активности/ иницијативи
д) Создавање партнерство
ѓ) Подготовка на стратегија за локален развој
Од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес во целокупните активности учество земаа извидниците Љупчо Кузманоски и Панче Велев.