Претставување на XXVI Вардарската регата “Гемиџии 2026“ на МРТ

На 15.4.2025 год. (среда), за потребите на утринската програма на МРТ, старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, имаше изјава за програмата на МРТ, а поврзано со XXVI Вардарска регата “Гемиџии“ 2026.

Во разговорот беше образложена програмата на XXVI Вардарската регата “Гемиџии“ 2026 од самиот почеток од Велес преку полигонот Криволак , па престојот во Демир капија, па префрлањето на територија на Република Грција, сместувањето во Евзони, пловењето кон Поликастро и доаѓање до Акропотамос како втор базен логор во Грција и поаѓање кон вливот на Вардар и пловењето по делтата на Вардар и излез на отворено море во Солун.

Регата ќе се реализира од 18 до 23 јуни 2026 год. Во рамките на разговорот беа повикани и приватниот и државниот бизнис сектор за помош за реалзирање на регата.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.