Претставување на XXVI Вардарската регата “Гемиџии 2026“ на ТВ Сител

На 1.5.2026 год. (петок), во утринската програма на ТВ Сител во Скопје “Ја сакам Македонија“  претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев и Владимир Ивановски – Вуцо како главни организатори на Вардарската регата, земаа учество во споменатата емисијата со водителот Александар Блажевски.

За потребите на оваа утринска програма на ТВ Сител , спометатите претставници на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, во целот ја претставија историјата на Вардарска регата Гемиџии, соеаботката со Солунските извидници како партнери во Републоика Грција, културно забавната програма и сите значјна елементи поврзано со XXVI Вардарска регата “Гемиџии“ 2026.

Тие ја истакнаа и Целокупната делегирана надлежност од страна на Градоначалникот на Велес, г-дин Марко Колев и Советот на Општина Велес кон извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес.

Во разговорот беше образложена програмата на XXVI Вардарската регата “Гемиџии“ 2026 од самиот почеток од Велес преку полигонот Криволак , па престојот во Демир капија, па префрлањето на територија на Република Грција, сместувањето во Евзони, пловењето кон Поликастро и доаѓање до Акропотамос како втор базен логор во Грција и поаѓање кон вливот на Вардар и пловењето по делтата на Вардар и излез на отворено море во Солун.

Регата ќе се реализира од 18 до 23 јуни 2026 год. Во рамките на разговорот беа повикани и приватниот и државниот бизнис сектор за помош за реалзирање на регата.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.