Претседателот Иванов додели признание на македонските извидници

На 31.10.2018 год. (среда) дванаесет извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес земаа учество на отварањето на 11 Скаутска Младинска Академија која што во наредните  четири дена се одржува во Скопје во хотелот Континентал, а домаќин е Сојузот на извидници на Македонија. На овој голем европски настан учествуваат делегации од 40 европски држави, а присутни се повеќе од 250 извидници.akademija3Оваа Младинска академија беше место каде што  Претседателот Ѓорге Иванов  на Сојузот на извидници на Македонија му го додели признанието „Повелба на Република Македонија“, по повод  65 години од основање како самостојно здружение на граѓани за деца и млади, а особено за исклучителниот придонес за развојот на младите луѓе во Македонија преку промовирање на извидничките вредности и принципи.
На отворањето на Младинска akademija1  академија, претседателот Иванов истакна дека Сојузот на извидници на Македонија има значаен придонес во правилното воспитување и образование на илјадници млади луѓе во нашата татковина.
-Вистината никогаш немала толку непријатели како што има денес, во нашево време на лажни вести и војни на перцепции. Јавната пристојност стана исклучок наместо правило. Храброста и истрајноста станаа ретка и скапа работа. Отсуството на одговорност доведе до криза на довербата. Сево ова се коси со принципите врз кои се темели извидништвото, бидејќи извидникот зрачи со доверба, рече претседателот Иванов, кој е покровител на Европската извидничка академија 2018.

akademija
Toj истакна  дека е потребно одново да го пронајдеме, како што рече, златниот баланс што ќе ни помогне да градиме доблесни, морални и одговорни личности. Личности кои со своите таленти, знаења и вештини ќе придонесуваат кон личната благосостојба, но и благосостојбата на целото општество.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.