По повод Светскиот ден на извидништвото на локалното 5ФМ радио во Велес, старешината на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев на 22.2.2022 год. (вторник) беше гостин во утринската програма.
Во рамките на 35 минутниот разговор беше разговарано на следните теми:
– 22 Февруари – Светскиот ден на скуатизмотПрослава на 100 години скаутизам во Велес
– Активности организари со други одреди
– Мегународни активности на одредот
– Средби на извидници – Велес 2022 во септември оваа
– Активности наменети за локална средина – Општина Велес и Општина Чашка
– Активности на вода и создавање на поречански патроли во рамките на одредот– Проектни активности на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес со странски невладини организации
– Приоритети на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес
– Заинтересираноста на младите за извидништвото
– Ревитализација на Извидничкиот центар Голозинци и се што рапсолага овој центар?
– Соработката со братскиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш
– Понатамошни планирани активности на одредот и начини на зачленување во одредот.
Со учеството на старешината на одредот на оваа утринска програма слушателите на повардарскиот регион имаа можност во целост да се запознаат со активностите на одредот како најстара младинска организација во Република Македонија.