Првомајски одредски тим билдинг

Во периодот од 1-3.05.2026 год. нашите членови во извидничкиот центар “Голозинци“ во истоименото село организираа одредски тим билдинг кој го водше началникот на одред Иван Гушев.

На овој одредски тим билдинг се работеше на следните подрачја: подготовки за наредните акции, Вардарска регата “Гемиџии“ и други пловидби, изборната настава по Извидништво во основните училишта во Велес, планово за уписи 2026 година, планови за идни одредски активности, школа за водачи и летен камп, 40 Средби на извидници Велес 2026.

Со овој тим билдинг ги зајакнуваме кадрите кој работат во нашиот одред и се зајакна знаењето на новите и идни водачи во нашиот одред.

Во рамките на овој тим билдиг се организираше и хајк до населба Чашка и околните места во општината.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.