Почеток на реализација на проектот “Да си подадеме рака“

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес со финасиска поддршка од Македонскиот центар за меѓународна соработка, започнува со споведување на  проектот “Да си подадеме рака“. Општа цел на проектот е промоција на недискриминацијата, толеранцијата и  една-квоста преку водење на кампањи и промотивни активности на локално и национално ниво во Северна Македонија. Во борбата против дискриминацијата и нееднаквоста да се работи со граѓаните со што би се влијаело на  зголемување на довербата во механизмите за антидискриминација и бенефитите од еднаквоста за развој на општеството.

Целта на проектот е придонес младите да станат лидери и општествено одговорни лица  кои ќе влијаат на зголемено знаење и свест на пошироката популација за важноста на борбата со дискриминација и бенефитите од еднаквоста за целото општество ,  а воедно ќе ја зајакнуваат  доверба на граѓаните во механизмите за заштита од дискриминација на национално ниво. Со ова младите ќе имаат удел во промоцијата  на слободата на изразување, човековите права и интеграцијата како и двигатели на промена за слободно и одговорно инклузивно општество. Со вклучување на младите во општес-твените процеси преку нивно вклучување во носење на одлуки, ќе се  креира за слободно простор за слободно изразување на мислењата и погледите на младите. Во рамките на проектот предвидени се следните активности: Медиумска кампања преку радио (радио џингл, постер), два едукативни кампови за 70 млади, истражување на терен во Општина Велес и Чашка, изработка на 10 пакети на поединечни хендаути (водичи) за планирање и реализирање на младински активности за борбата со дискриминација и бенефитите од еднаквоста за целото општество  и зајакнатата  доверба на граѓаните и заштита од дискриминација, дополнување на Локалниот Акционен План   за млади на Општина Чашка (ЛАП) (2021-2024) за активности за борбата со дискриминација и бенефитите од еднаквоста за целото општество  и зајакнатата  доверба на граѓаните и заштита од дискриминација.

На 10.1.2023 год. ги потпишавме договорите за спроведување на мали грантови во програмата за антидискриминација. Со овие мали грантови во текот на 2023г. сакаме да влијаеме на подобрување на свеста за борбата со дискриминација и промоција на еднаквост и толеранција во образованието, медиумите, маргинализираните групи на граѓани, локалната самоуправа, во руралните средини и итн. Граѓанските организации на локално ниво се алката меѓу Комисија за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и граѓаните на кои им треба поддршка кога се соочени со нееднаков третман. Во рамките на објавениот повик одбрани сме следните грантисти:
STAR – The First Sex Workers Collective in the Balkans, Roma – Progress, Извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, ЦП Тетово, PORAKA NOVA и Здружение на Правници ЛЕГАЛ Тинк .

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.