На 5.6.2026 год. (петок) во Поликастро, Република Грција се одржа последната работна средба помеѓу претставниците од Првата извидничка чета на Поликастро и претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Република Македонија. На оваа средба учество зема и заменик-градоначалникот за туризам Кирос Калавазис, кои во целост дава поддршка во организирањето на Вардарската регатата “Гемиџии“ 2026.
На оваа средба се разговараше за поддршка на локалната самоуправа на Поликастро и извидниците од Поликастро односно поддршката што по трет пат треба да ја даде Првата извидничка чета на Поликастро при реализацијата на Вардарската регата “Гемиџии“ 2026 при пловењето кон Солун.
Беа договорени сите наредни активности од двете страни на активностите кои се организираат од нашите единици. Делегацијата на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес ја сочинуваа: м-р Ангелче Гушев, Владимир Ивановски – Вуцо и Иван Гушев.



