Фондацијата за локален развој и демократија “Фокус“, во рамките на проектот “Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“, на 29.12.2008 год.(понеделник) во ресторанот “Тивка ноќ“ во Велес организираше Новогодишна забава. На оваа забава беа присутни голем број на членови на НВОи од Велес, Градско, Чашка и Лозово, членови на Младинскиот клуб при “Фокус“, Советници при Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Велес. г-дин Аце Коцевски и преседавачот на Советот на Општина Велчес, г-дин Славчо Чадиев.Од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“ учествуваа петмина извидници.