Во рамките на едукативен камп LINK – UP помеѓу извидниците од Велес и Ниш кој се одржа како прв во серија на едукативни кампови, се започнаа и со креирањето на десет хендаути за планирање и реализирање на младински активности.
Голем дел од материјалот беше подготвен на првиот камп кои се одржа од 07 до 10.09.2023 год. во извиднички центар Голозинци Општина Чашка. На овој камp се започна и креирањето на нацрт верзијата на On – line платформата за соработка помеѓу Велес и Ниш.
Со изработката на десете Упатства за планирање и реализирање на младински активности (хендаути), извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Република Северна Македонија и извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш, Република Србија дадоа придонес во создавање на нови и современи активности за млади.
Упатствата за планирање и реализирање на младински активности се дел од активностите во рамките на проектот “LINK- UP! REGIONAL NETWORK, DEVELOPED BY YOUTH FOR YOUTH, UNITED IN REBUILDING BRIDGES AND GENERATING PARTNERSHIPS“ на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес , Република Северна Македонија, проект финанциран од ЕУ проектот: “Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ во рамките на Механизмот за граѓанска отпорност (МГО).