Извидниците единствени учесници на Денот на дрвото

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес организирано зема учество со 30 извидници на оваа еколошка акција и беше единствена НВО која што практично на терен ја поддржа овогодинешната еколошка акција “Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“  од големиот број на еколошки и грагански здруженија во град Велес.

Инаку треба да се нагласи дека е успешна е шестата акција  „Ден на дрвото – засади ја својата иднина". Посадени се над 50 000 дврца,  багрем, јавор и јасен.  Надлежните во Ш.С. Бабуна се одлучија да се пошумува на парцела од 23 хектари во  близина на автопатот Велес – Градско. И покрај лошото време граѓаните се одзваа на јавниот повик. На пошумувањето  со првите автобуси дојдоа над 500 велешани, најмногу од средните и основните училишта  и  локалната самоуправа и велешките фирми
 
 
 
 
              

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.