Извидниците од Велес ја прославија славата Св. “Кирил и Методиј“

DSC01522Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, почитувајки ги основните принципи на извидничкото движење, во годината која што прославува 65 години од своето постоење, на 23 мај започнува да ја слави одредската слава Св. “Кирил и Методиј“ – македонски и сесловенски просветители, со што ја дополнуваме и нашата воспитно-образовна дејност како младинска организација. Овогодишен кум  на првата одредска слава беше старешината на одредот, м-р Ангелче Гушев. По богослужбата на преставниците на МПЦ беа одредени и кумовите за идната одредска слава а тоа се Златко Ристов и Доне Нецинов. Со почита кон сесловенските просветители на сите членови на одредот и наши сограѓани од православната вероисповест им посакуваме знаење, мудрост и љубов кон науката со што ќе им се помогне во борбата со задачите и предизвиците кои ги носи животот. Да биде свето името на Св. Кирил и Методиј! Честит празник на сите Македонци.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.