Изборно годишно Собрание на одредот

На 12.04.2022 год. (вторник) во големата сала на во Домот на НВО во Велес се одржа редовното ИЗБОРНО годишно собрание на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес. Собранието се одржа по следниот ред

Процедурален дел:

  • Отварање на Собранието
  • Воведен збор на старешината
  • Избор на работни тела на собранието
  • Работно претседателство – Ненад Андреевски и Богдан Маневски
  • Верификациона комисија – Жаклина Гушева и Никола Андреевски

Се работеше по следниот
Д Н Е В Е Н Р ЕД

  1. Годишен извештај за работата на ИО “Димитар Влахов“ – Велес за периодот на 2021
  2. Финасиски извештај за работата на одредот за 2021
  3. Избор на Старешина на извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес
  4. Избор на Старешиство на извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес
  5. Статутарни промени
  6. Тековни проекти и активности
  7. Тековни прашања

По дневниор ред беше реизбран Старешина на извиднички одред “Димитрар Влахов, а тоа е м-р Ангелче Гушев, а за Старешинство на одредот : Андреевски Ненад, Влатко Влахчев, Бојан Миклош, Стефан Петровски и Благој Ѓорчевски. Додека пак за Началник на одред ќе биде Мартин Голчев.

Собранието едногласно го усвои и извештајот за работа на одредот за 2021 и финансискиот извештај за 2021 год. Воедно беше презентиран и извештајот на Надзорниот одбор.

На ова изборно собрабние беше избран и нов надзорен одбор во состав: Никола Андреевски, Владимир Ивановски и Благој Јорданов .

На Собранието беа разгледани и новите статутарни измени кои треба да се превземат во ревидирањето на стаутот. И на крајот од Собранието беа презентирани новите проектни активности на одредот.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.