Златен знак на извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“, доделен на старешината на велешкиот одред , Ангелче Гушев

На свечената академија на 24.9.2022 год. (сабота) по повод 70 години од формирањето на извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш, старешинството на одредот на своите членови за 20 години активна работа го додели признанието  “Златен знак на одредот“. Покрај дваесетина активни членови на ИО “Мија Станимировиќ“ – Ниш, за прв пат во седумдесет годишната историја на одредот направи исклучок и со “Златен знак на одредот“ го награди старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев.

Како што истакна на свечената  академија  старешината на ИО “Мија Станимировиќ“, г-дин Слободан Тепавац , “Ова признание за прв пат во историјата на нашиот одред се доделува на член кој што е надвор од нашиот одред. Но триесет годишната извидничката работа  на просторите на поранешна ЈУ  на нашиот другар извидник Ангелче Гушев, неговата индивидуална извидничка дејност е најквалитетната работа со која што и нашиот нишки одред се горде, а со тоа и допринесе во нашето квалитетно братско работење на полето на воспитанието и образованието на младите луѓе во Ниш и Велес. Воедно му го честитаме и неговиот педесети роденден. “

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.