Во согласност со пограмата за работа на Сојузот на Извидници на Македонија,во периодот од 3 до 6 февруари 2011 година беше организирана Обука за вештарства прва од ваков вид во новиов милениум,целта на оваа обука е да се развијат личните афинитети на извидниците кои земаа учество, за подоцна да можат да ги пренесуваат своите искуства на помладите генерации, учесниците од 10-те можни вештарства имаа право да одберат највеќе по 5 и истите тие да ги изучуваат, за подоцна да бидат тестирани и за тие што успешно ќе ги поминат тестовите бидат наградени со амблеми,кои ја претставуваат вештината што истите извидници ја одбрале, извидниците имаа право да одберат помеѓу следниве вештарства:курир, коначар, планинар, кувар, глумец, свирач, атлетичар, млад лекар, заштитник на природата и шумар. Од извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес, учество земаа десет иавидници. Учество на оваа обука за вештарства земаа скоро сите извиднички одреди од републикава и вкупно присуствуваа околу 100 извидници на возраст од 7 до 25 години.Во поглед на организацијата се помина во најдобар ред благодарение на коначарската екипа и организаторите, а временските услови не послужија со многу сонце,што на сите го издигна расположението до максимум,во секој случај успешно реализирана обука,се надеваме дека ќе уште многу вакви обуки и дека конечно извидништвото во Македонија е на вистинскиот пат !
Мартин Јошевски