На 23.11.2023 год. (четврток) претставници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес беа во посета во градинката “Бамби“во населба Чашка. На децата во градинката им беше презентирана дел од опремата за престој во природа преку што им покажаа на децата како да се стане дел од природата и како лесно да се живее во природа.
Децата се запознаа со униформата на извидникот. Членовите од одредот пред децата презентираа а како се поставува шатор, како се користи вреќата за спиење, поставување на котле за приготвување храна, приборот за храната, компас и бусола,топографски карти, знаменца за сигнализација и комуникација и многу други вештини кои што кај децата побудија љубопитност.
Во рамките на преставувањето на извидничката организација во градинката “Бамби“ во населба Чашка, дечињата го нацртаа и своето дрво во рамките на еколошката кампања “Боренка“ и сите цртежи ќе се постават во виртуаелната шума.
Покрај ова на сите дечиња им беше поделена и еколошката боенка “Деца мудро трошете ја енергијата“ издадена од извиднички одерд “Димитар Влахов“ каде што преку креативен и ликовен начин децата ќе се образуваат како да ја штедат енергијата.
Се надеваме дека дел од дечињата од градинката во поскоро време ќе станат верни членови на одредот.