Победничката патрола во машка конкуренција на Републичкиот Извиднички Ориентационен Натпревар (РИОН – Св.Николе 2009), патролата на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес во состав Благој Ѓоревски, Тоше Василевски, Виктор Таневски и Ангелче Димков во периодот од 1 до 10 август ја искористија наградата стекната по повод првото место на РИОН 2009 – бесплатно летовање во Извидничкиот центар во Охрид. Старешинството на одредот има посакува уште многупати вака да ги прославуваат први места во државата и пошироко.