Десет водичи (упатства) за организирање на младински активности во борбата против дискриминацијата. Во рамките на активностите од проектот “Да си подадеме рака“ реализиран од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, а поддржан од Македонскиот центар за меѓународна соработка, од работата на тимовите кои функционираа на двата едукативни кампови произлегоа и пакетот на упатства за реализирање на младински активности (хендаути) за едукација на младите во борбата против дискриминацијата и бенефитите од еднаквоста за целото општество и зајакнување на доверба на граѓаните во механизмите за заштита од дискриминација. Десетте упатства беа креирани од потребата на младите и изработени се на следните теми:
1.Соништа
2.Етикети
3.Почуствувај ја дискриминацијата
4.Први впечатоци
5.Европска желеница – “A LA CARTE”
6.И јас, исто така
7.Барање на сличности и одкривање на различности
8.Натпреварот за евро смешки
9.Погоди кој доаѓа на вечера
10.Светла иднина
Долгогодишното функционирање на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ на територијата на Општина Чашка преку извидничкиот центар во Голозици придонесува со користење на овие методологии за самоорганизирање на младински активности и зголемено учество на младите во процесот на носење на одлуки како и зајакната соработка меѓу локалните власти и граѓанските организации.