Десет водичи (упатства) за организирање на младински активности

Во рамките на активностите од проектот “Младите носители на промените“ реализиран од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, од работата на тимовите кои функционираа на трите едукативни кампови произлегоа и пакетот на упатства за реализирање на младински активности (хендаути). Десетте упатства беа креирани од потребата на младите и изработени се на следните теми:

• Сите за еден, еден за сите
• Што гледаме ?
• Бивак
• Да засадиме дрво
• Борба против алкохолот и цигарите
• Да ја запознаеме природата
• Изработка на кукичка за птици
• Јака желба
• Одиме на излет
• Хајк + пловидба + дружење = забава

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ Велес во перидот од 20 до 22.5.2020 год. во извидничкиот центар “Голозинци“ во истоименото место во Општина Чашка, го реализираше првиот едукативен камп во рамките на проектот “Младите носители на промените “. На овој камп педесете учесници млади од Општините Велес и Општина Чашка во три дена групно поделени (по 20 учесници на ден) работеа на активности за работа со млади и за млади. Покрај ова сите педесетина учесници за време на кампот работеа и активности за совладување на работни извиднички материјали со што дополнително ќе зголемуваат младинските активности при нивното планирање и реалзирање. Од работата на младите се создадоа десет пакети на упатсва за планирање и реализирање на младински активности.

Долгогодишното функционирање на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ на територијата на Општина Чашка преку извидничкиот центар во Голозици придонесува со користење на овие методологии за самоорганизирање на младински активности и зголемено учество на младите во процесот на носење на одлуки како и зајакната соработка меѓу локалните власти и граѓанските организации.

“Младите носители на промените” е проект спроведуван од извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес . Овој проект е добиен во рамки на „Граѓанскиот ресурсен центар “ финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип.“

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.