Грчките партнери во посета на Велес за финални договори за Вардарската регата 2024

Во периодот од 3 и 4.5.2024 год. (петок – сабота) претставниците на Солунските извидници Василис Нтрианкос и Алкаиос Катсеас беа во посета Велес. Грчките претставници беа примени од старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ м-р Ангелче Гушев и Владимир Ивановски. Гостите од Грција се запознаа со работата на велешкиот одред, ги посетија одредските простории и кејот на реката Вардар од каде што стартува Вардарската регата Гемиџии 2024. Во рамките на оваа посета двете делегации поптпишаа и Меморандум за соработа со која се обврзуваме на реализација на регатата во Македонија и Грција по целото течението на реката Вардар. Со овој меморандум за соработка од страна на грчките скаути  ја добиваме и целосната поддршка и помош при програмските активности на оваа манифестација.

Договорено е да на територија на Грција учесниците на регата преноќат во Евзони и селото Акропотамос, а регата да заврши во делтата на Вардар во егејското море. Воедно беше поминат голем дел од течението на реката Вардар за да се видат сите нејзини карактеристики на територија на Грција. Беше договорен и терминот за реализација на регатата која би требало да се одржи од 20 до 26 јуни оваа година. Гостите од Грција покрај посетата на Велес и целосното запознавање со работата на нашиот одред го посетија и извидничкиот центар во “Голозинци“ од кој беа воодушевени каде што беа и сместени.

После финализирањето на сите детали и утврдувањето на датумот на реализација на Вардарската регата Гемиџии, сакаме да искажеме голема благодарност до нашиот братски одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш кој ни овозможи да оствариме контакти со нашите браќа скаути од Солун.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.