Градење на локални капацитети за креирање на младински политики

Претприемачки сервис за млади ПСМ и Фондацlogoија Евро Центар во соработка со општините Чашка, Пробиштип и Старо Нагоричане го имплементираат проектот “Градење на локални капацитети за креирање на младински политики”. Проектот е финансиран од Европската унија и има за главна цел да ги вклучи младите во процесот на одлучување и поставување на механизми за долгорочен развој и имплементација на локалните младински политики.
Јавната дебата за градење на локални капацитети за креирање на младински полотики се оддржи на 29.9.2016 год. (четврток)во просториите на ООУ„ Тодор Јанев“ Населба Чашка.
Како дел од проектот е реализирано истражување чии заклучоци беа презентирани на јавната дебата, со цел дефинирање на мерки, согласно локалните потреби во општината Чашка, кои во идните фази на проектот ќе бидат финансирани, преку мини-грантови доделувани на граѓанските организации со цел спроведување на активности за дефинираните мерки.
На јавната дебата учество земаа и десет извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – велес кои во целост се вклучија во работата на дебата, а беа предложени идните проектни активности ќе понудат бројни можности за претставниците на општинитата Чашка. Проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики”, финансиран од Европската Унија, започна со утврдување на проблемите и потребите кои ја ограничуваат економската независност на debataмладите во тритe општини (општината Пробиштип, општината Чашка и општината Старо Нагоричане) со цел поставување на појдовна точка од која граѓанските организации и креаторите на младинските политики ќе ги насочат заедничките напори кон дефинирање на соодветни политики и мерки кои ќе бидат во согласност со приоритетите на Националната стратегија за млади, а што резултираше во дефинираното истражување.
Проектот исто така предвидува формирање на три заеднички форуми составени од претставници на општините, граѓанските организации и млади луѓе кои ќе бидат фокусирани кон дефинирање и следење на имплементација на локалните мерки.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.