Годишно Собрание на СИМ

simСојузот на извидници на Македонија на 25.01.2015год. (недела) во Домот на градежниците Кочо Рацин во Скопје го одржа редовното Годишно собрание на СИМ. На ова редовно Собрание беше избран нов Надзорен одбор. Собранието едногласно го усвои  Годишниот и финансиски извештај за работата на СИМ во 2014 година, кои беше презентиран од страна на Генералниот секретар на СИМ Горан Горгиев и Началникот за мегународна соработка на СИМ, Јане  Плавевски. Собранието го потврди мандатот на член на старешинство во СИМ од ИО “Мирко Милески“ – Кичево, а  во полноправно членство во СИМ го прими ИО “Башкими“ од с. Строгомиште-Зајас. На Собранието на СИМ му беа предложени и десетина амандмани за промена на Статутот на СИМ кои од страна на  дел од делегатите на Собранието на СИМ немаше поддршка за промена на стаутот и со тоа остана на сила стариот статут. На Собранието на СИМ од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес учество земаа  пет делегати и тоа Ангелче Гушев како старешина на одрдето, Благој Ѓорчевски како Началник на одредот и извидниците Ненад Андреевски, Влатко и Марина Влахчеви.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.