Врз основа на одлука на старешинство на СИМ од 14.12.2020 на 31 јануари 2021 година (недела) во Скопје се одржа вонредното Собрание на Сојуз на извидници на Македонија. Вонредното собрание беше организирано согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид-19. На ова Собрание се избираше Старешина на Сојуз на извидници на Македонија. Како кандидат за старешина на СИМ беше предложен Бобан Москов член на извидничкиот одред “Браќа Миладиновци“ од Скопје. Тој со повеќе од две трети гласови на членовите на Собранието на СИМ беше избран за нов Старешина на СИМ.
На Собранието на СИМ беше презентирана и Програмата за работа на сојузот за 2021 година која што воедно беше и усвоена од делегатите на СИМ. Делегацијата на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес беше составена од следните делегати: Ангелче Гушев како старешина на велешкиот одред, Благој Ѓоргиевски како началик на одредот додека пак Ненад Андревски, Влатко Влахчев, Богдан Маневски и Ване сарагиновски како функционери на одредот гласаа на собранието. Јордан Бајрактаров како член на велешкиот одред гласаше во името на Началник на Бирото на СИМ.