Водачот на патрола е носител на промените во извидничката организација во Македонија

Добриот водач на патрола во извидничката организација е носител на промените во одредот и СИМ. Англичаните рекле Води или Оди (или ќе водиш или не), импровизаци во неговата работа нема, тој им го покажува патот на младите извидници.

patrola5
“… многумина велат дека ние извидниците сме робови на младите и природата. Ако е така можете веднаш да не испратите на робија“. Ова е една од моите изреки кои преку мојата работа во извидничката организација, а  која што е поголема од триесет години допрнесе да постанам прво добар извидник, добар водач на патрола, добар началник, добар старешина, инструктор од втор степен. Но можам да кажам дека најгорд сум на мојата улога како водач, функција која што  е една од најдобрите и најхуманите функции во светот на patrola4извидниците. Доколку другите во извидничката организација не се согласувате со оваа констатација сериозно треба да размислите дали правилно сте постапиле при изборот на вашата работа во извидничката организација. Но за волја на вистината треба да се каже уште и следното, дека функацијата водач на патрола е една од најодговорните функции во извидничкото движење. Обликувањето на младите генерации преку воспитување и образување воопшто не е лесна работа. За тоа не постои „калап“ во кој ќе се стават извидниците (независни од која категорија) и од него ќе излезат зрели личности кои подготвено ќе се справат со животните предизвици. Затоа, водач на патрола да биде „моделар“ кој успешно ќе го обликува извидникот во личност која со своето позитивно однесување и стекнато знаење ќе придонесе во сите сфери од позитивното човеково живеење. Да се биде добар водач на патрола е ваша лична одлука, тоа од вас и само од вас зависи.
Во постигнувањето на оваа цел не е доволно да се поседуваат само познавање добри техники и вештини на предавање или пак прекумерно стручно знаење кое не може да се пренесе на членовите во патролата или јатото, туку кај извидниците треба да се поттикне почитување и воодушевување кон извидништвото, учењето и одредот, а тоа води кон  олеснување во организирањето на совладувањето на младинската програма и водењето на патролните состаноци.
Воспоставувањето на добар и близок однос со вашите извидници членови на патролата е многу важно за нивото на функционалност на вашите патролни средби, но притоа да се запазат улогите на тоа кој е водач на патрола , а кој член на патрола. Водач на патрола мора да знае како да се поврзе со своите членови, доколку тој тоа не знае да го направи, неговите членови на патрола нема да го слушаат тоа што тој ќе го работат според младинската програма, односно нема да имаат сериозно и посветено однесување на неговата патролна средба, без разлика колку тоа би можело да им биде интересно.
Ако пак како водач на патрола успеете да го привлечете вниманието на вашите извидници од патролата, ако знаете како да им се доближите и ја стекнете нивната доверба, тогаш тие вам ќе ви веруваат. Вашите патролни средби ќе бидат исполнети со позитивна атмосфера, а со самото тоа извидниците ќе постигнуваат повисоки резултати во совладување на младинската програма и вештарствата , а вие како водач на патрола ќе бидете попрудуктивен и задоволен од она што го работите. patrola2Едноставно,  ќе се чувствувате како една битна спојка од позитивниот општествен живот и корисен член на општеството во кое создавате и живеете.
Постојат многу техники и методи за успешно реализирање на младинската програма на СИМ. Истите се насочени кон покреативно пренесување на знаењата на извидниците. Но, првенствено треба да се знае дека добрите методи и техники на предавање треба да обезбедат привлекување на вниманието на извидниците, односно стекнување на нивната почит и восхит, бидејќи вие нема да ја стекнете нивната почит само затоа што сте најпаметниот водач на патрола  кој знае сѐ и сешто, туку затоа што вие  ќе знаете како да го стекнете нивното внимание, а на тој начин ќе успеете да го пренесете вашето знаење како водач на патрола без тоа на членовите на патролата да им претставува товар и обврска.
Ова што досега беше кажано воопшто не е едноставно. Но затоа не е и неизводливо. Потребно е само да ја сакате вашата улога како водач на патрола, да бидете посветени на работата, да бидете упорни и трпеливи и и да биде во тесна врска на соработка со Началникот и старешината на одредот.
Низ годините поминати низ педагошката работа во извидничката организација во Велес имам напреваено низа анализи и истражувања со цел да ги детектирам особините на водач на патрола кои се прифатливи за извиднците, но се прифатливи и за самите водачи на патроли. Од страна на извидниците како најпосакувани особини кои треба да ги поседува нивниот водач на патрола се:  пријатен однос и љубезност, праведност што подразбира подеднаков однос кон сите ученици поткрепено со објективно вреднување на нивните знаења, доверба на водач на патрола кон извидниците од патролата, соработка, трпение, отвореност за различни погледи и размислувања, смисла за хумор, разбирање на проблеми, подготвеност да се помогне во секоја ситуација, слободно однесување на извидниците под надзор на водач на патрола, да бидат интересни предавачи и добро да ја владеат и да знаат соодветно да ја пренесат младинската програма на СИМ patrola1(поранешна Основна програма на СИМ). Од страна на водачите на патрола истакнато е дека како најпосакувани особини кои треба да го карактеризираат водачот на патрола: да ја сакаат извидничката работата со млади и да се има сериозен пристап кон истата,  мотивираност, заинтересираност, објективност, реално и континуирано вреднување на знаењата и техниките на на членовите во патролата, да се биде добар предавач кој ќе има континуитет во пренесувањето  на едукативниот материјал од младинската програма на СИМ преку користење на современи активни методи и техники во наставата, континуирано стручно усовршување, адекватно однесување и подеднаков пристап кон секој извидник уважувајќи ги разликите помеѓу извидниците, да имаат пријатен физички изглед и да бидат соодветно униформирани согласно правилникот за униформирање на СИМ, несебично да соработуваат со другите водачи на патрола од одредот, Советот на водачи и Старешинството на одредот, клубот на ветерани, родителите и останатите чинители на воспитно-образовното работење на одредот.

м-р Ангелче Гушев
Инструктор во СИМ со втор вудбеџ

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.