Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ со реализирањето на проекти поврзани со неформалното образование и проекти за социјана исклученост на младите, се вклучи во работата на Европската мрежа за превенција од насилство на децата и младите.
Со вклучувањето во оваа мрежа добиваме:
– информации за сродни организации и нивното дејствување
– информации за добри практики од реализирани проекти
– проследувања на идеи за нови проекти
– поддршка на проекти
– информации за донатори
– циркулирање на информации и прашања за определени проекти
– секојдневна редовна комуникација со членовите во мрежата
– заеднички активности
– стекнување со нови искуства
– контакти со членови на други интернационални мрежи и институции
– институционално јакнење и работа во мрежа