Велешките извидници учесници на “Боренка” на Светскиот ден на волонтерите!

Членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес  на 5.12.2024 год. земаа учество во акцијата “Боренка” која ја заврши есенската сезона со рекордна акција на Светскиот ден на волонтерите! Имено во акцијата учествуваа 10 извидници од Велес и како и секогаш се истакнаа со голема желба за волонтерска активност и чувството за зачувување на природата и придонес за чист воздух.

5 декември 2024 – Денес, на Светскиот ден на волонтерите, иницијативата Боренка ја реализира својата 20-та акција за пошумување во Македонија.

На опожарена површина во близина на Кокино, Североисточен Регион, повеќе од 200 волонтери, вклучувајќи извидници, шумари и припадници на АРМ, засадија 7.000 нови садници на 3 хектари земја. Оваа акција беше симболично затворање на 3-та есенска сезона на Боренка, во која вкупно учествуваа над 800 волонтери, кои засадија 36.000 дрвја на дополнителни 12 хектари опожарена површина.

Боренка е најголемата волонтерска иницијатива за пошумување, таа е
инспирирана од успешната хрватска кампања Боранка. Во 2023 година, на прес-конференцијата во Скопје, оваа иницијатива беше формално претставена со поддршка од претставници на Хрватски шуми и Сојузот на извидници на Хрватска, истакнувајќи го значењето на регионалната соработка во борбата против климатските промени.

Од својот почеток во 2022 година, Боренка:
Засади вкупно 91 000 садници
Пошуми повеќе од 25 хектари земја
Вклучи над 3 000 волонтери
Боренка е дел од глобалната програма Earth Tribe, поддржана од Европската Унија, имплементирана од Европскиот извиднички регион и Светската извидничка организација. Програмата има за цел да ги поттикне младите за активно учество во зачувувањето на животната средина.

Оваа акција не би била успешна без организаторите на Боренка ЈП Национални шуми за подготовка на теренот, стручниот надзор и логистичката поддршка и Сојуз на извидници на Македонија кој се погрижи сите волонтери да стигнат безбедно на локациите за пошумуваат и да ги добијат сите потребни работи за пријатна работа.

Со завршувањето на третата есенска сезона, Боренка веќе се подготвува за нови акции и уште поголем волонтерски ангажман во 2025 година. Целта останува иста – зелена иднина за сите.



Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.