По три дена пловење , поминати над 120 километри и оживеана традицијата на стариот начин на трговија меѓу Велес и Солун , седумдесетмината учесници на Вардарската регата стигнаа во Гевгелија. Во знак на спојување на минатото и сегашноста градоначалниците на Велес и Гевгелија, Горан Петров и Илија Франгов на целта си разменија подароци. „Стоката која ја имавме натоварено на гемијата ја продадовме и еве еден мал подарок за вас како домаќини на целта каде пристигнаа годинашните учесници на регатата", рече Горан Петров, градоначалник на град Велес . Градоначалникот на Гевгелија Илија Франгов, како добар домаќин ги нагости гемиџиите. Првиот сплавар, Ратко Лазаревски, вели дека 12-та по ред Вардарска регата- Гемиџии успешно е завршена. Гемијата и деветте чамци кои пловеа по реката Варадр успешно се укотвија. "Иако временските услови не ни беа наклонети, сепак ние успеавме успешно без поголеми проблеми сите да стигнеме на целта.
Сведоци сме на прекрасната глетка кога со седум од деветте чамци и гемијата пристигнавме заедно на целта, како прв сплавар задоволен сум од организаторите, но и од сите учесници и оние кои пловеа, но и оние кои на копно беа наша логистика", рече Ратко Лазаревски, прв сплавар на гемијата. Да се биде учесник на регатата значи да се почувствува духот на велешките гемиџии, ова за нас учесниците е предизвик за почит кон делото на нашите претци, „Впечатоците се огромни, доживувањето незаборавно, тргнавме од Велес со помислата на делото на славните гемиџии, стигнавме на целта тука како горди нивни сограѓани. Веќе од утре ќе се надеваме дека догодина повторно ќе бидеме дел од Вардарската регата" истакнаа дел од учесниците на регатата.З а успешноста на регатата најзаслужни се младите кајакари на кајакарскиот клуб "Вардар" од Велес. Тие ја трасираа патеката по која се движеше гемијата и чамците. „Ние одевме напред и проверуваме какви се брзаците, Вардар има многу брзаци. "Вардар е тежок за веслање, ако не го познаваш добро, ние често сме со чамците во реката и затоа и овие четири дена не ни беше тешко да бидеме претходница на чамците и гемијата", рекоа кајакарите. За лекарот на регатата др.Горан Јовиќ, работа немаше. "Немав никаква работа овие четири дена сe помина најдобро. Како што сите тргнавме од стартот така и сите стигнуваме на целта", рече др.Јовиќ. Организаторите велат дека Вардарската регата се покажува како манифестација која ги промовира убавините на реката Вардар и можноста за
развој на алтернативниот туризам. Сместувањето и исхраната беше одлично организирано од страна на извидниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“. Докажавме дека максимално ја познаваме работата кога станува збор за престој во природа. Голема помош ни беа и војниците на АРМ кои во секој момент ни даваат подршка, рече Благој Горчевски началник на градскиот извиднички одред. Регатата исто како и лани целта ја имаше во Гевгелија . Организаторите за догодина најавуваат учесниците да не бидат само од Велес, туку и од Општините по течението на реката Вардар, а целта посакуваат да биде некаде пред Солун.
развој на алтернативниот туризам. Сместувањето и исхраната беше одлично организирано од страна на извидниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“. Докажавме дека максимално ја познаваме работата кога станува збор за престој во природа. Голема помош ни беа и војниците на АРМ кои во секој момент ни даваат подршка, рече Благој Горчевски началник на градскиот извиднички одред. Регатата исто како и лани целта ја имаше во Гевгелија . Организаторите за догодина најавуваат учесниците да не бидат само од Велес, туку и од Општините по течението на реката Вардар, а целта посакуваат да биде некаде пред Солун.
Учесници на регатата од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес беа:
1. Ангелче Гушев
2. Благој Ѓорчевски
3. Тоше Василевски
4. Зоран Пановски
5. Никола Аксентиев
6. Димитар Јорданов
7. Мартин Јошевски
8. Јане Јанков
9. Ристов Дејан
10. Ангел Јорданов
(повеќе фотографии од Вардарската Регата Гемиџии 2011 во фото галерија)
Подготвено од :
www.lisica.mk
www.kineziologija.mk
Ангелче Гушев