Велешките извидници на “Младинска академија – Цели за одржлив развој“

Во организација на Сојуз на извидници на Македонија во периодот од 4-9 април 2018 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид се одржа “Младинската академија – Цели за одржлив развој“. На оваа Младинска академија во рамките на програмските активности се обработуваа следните темите од Целите за одржлив развој преку креативни работилници и активности, а тоа се следните работилници:
akademija4– Добро здравје и сексуална едукација,
– Онлајн безбедност,
– Родова еднаквост,
– Намалени нееднаквости,
– Пермакултурна градина и
– Извидничката улога во биодиверзитетот.
– Инклузија и диверзитет,
– ‘Паметни’ градови,
– Зелена енергија,
– Што за вас значи ‘мир’?

akademija3
Во рамките на оваа Младинска академија од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес учество земаа: Благој Ѓоргиев, Мартин Голчев, Стевче Рогужаров, Сара Нунеска и Иван Гушев.

akademija2
Младинската академија е настан поддржан од РЕЦ Македонија и Austrian Development Agency.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.