Во периодот од 17-19 април 2026 год. во месноста Катлановска Брезница, Скопје се организираше 53от меморијал “Марко Граорковски“ во организација на извидничко поречанскиот одред “Јадран“ од Скопје.
На оваа извидничка акција учество земаа повеќе од сто извидници од Република Македонија и претставниците на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес. Тие се натпреваруваа во областа на топографија и ориентацијата на непознат терен.
Учество земаа извидниците од Скопје, Прилеп, Свети Николе, Кичево. Од нашиот одред земаа учество 10 извидници, со што патролата “Диви газели“ го освои второто место во категоријата постари извидници.
Патролата “Диви газели“ во категоријата постари извидници ја сочинуваа: Марија Стефановска, Тамара Димовска, Љупче Неделковски и Иван Гушев.
Додека пак патролата Брзи антилопи во категоријата постари извидници ја сочинуваа: Барбара Хаџи Тонев, Катерина Гушева, Анастасија Давчева и Јована Јошевска го освои петтото место.






