Борба против семејно и друг вид гласање

Во организација на Државната изборна комисија и Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) на 3.2.2009 год. (вторник) во хотелот Холидеј ин се организираше семинар на тема: “Соработка помеѓу централната и локалните власти и другите носители во борбата против гласањето во име на друг и семејно гласање. За учество на овој семинар покана доби и извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес.

Овој семинар се организираше во рамките на проектот “Еден гласач – еден глас“ преку чии што активности се врши осврт на редуцирањето на појавата на семејно, групно и  гласање  во име на друг за време на гласањето. 
Главни учесници на овој семинар беа Државната изборна комисија и нејзиниот претседател г-дин Александар Новаковски, потоа г-ѓа Чухан Султаноглу, заменик директор на УНДП, г-дин Михајло Маневски, Министер за правда, амбасадорот на Норвешка, г-дин Карл Шиотз Вибије.
Претседавачи на семинарот беа г-га Марија Луиза Силва Мехијаз, постојан преставник ан УНДП и г-га Тања Алтанџиева.
Во рамките на расправата на овој семинар, најповеќе се разговараше за локалните избори имплементација на  владиниот акционен план за реализација на препораките од извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори 2008 со специјален нагласок на гласање во име на друг и семејно гласање.
Со свои искуства за соработка помеѓу централните владини структури, општините и НВОи носители на борбата против гласање во име на други се осврнаа, специјалниот преставник на ЕУ и шеф на делегацијата на Европската комисија, г-дин Ерван Фуере, шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Хозе Луис Хереро, претседателот на ЗЕЛС г-дин Коце Трајанов, градоначалникот на Тетово, г-дин Хазби Лика, претседателот на МОСТ, г-дин Дарко Алексов и г-га Елена Грозданова, државен советник во Министерството за труд и социјална политика и преставници на политичките партии: ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА. Како учесници на сминарот беа Ангел Радевски, Благој Ѓорчевски и Тоше Василев.
 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.