На 19.12.2024 год. (четврток) во просториите на здружението на граѓани “Акцијаш-Ветерани“ Управниот одбор на здружението додели Благодарница на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес за поддршката која што нашиот одред ја даваше во реализацијата на голем број на активности на “Акцијаш-Ветерани“.
Поаѓајки од фактот дека членството на “Акцијаш-Ветерани“ се луѓето кои припаѓаа на категоријата млади и младинската организација и во изминатите години беа вклучени во голем број на младински активности од типот на младински акции заеднички со извидничката организација ви Велес продолжуваме да го негуваме младинскит волонтеризам во локалната средина.