Здружени сили за заеднички интереси

цосв1На 17.11.2017 год. (петок) во ООУ “Тодор Јанев“ во населба Чашка се организираше презентација на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ финан  сиран од Европската Унија, а спроведен од страна на ЦОСВ подружница Прилеп  во партнерство со Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп и Здружението Женска граѓанска акција АНТИКО од Скопје, вклучени се претставници од локалните самоуправи (Ресен, Чашка, Кочани, Делчево, Карпош и Теарце) и лица од граѓанскиот сектор на Република Македонија. Генералната цел на проектот е зајакнување на влијанието на граѓанското општество во промовирање на односите меѓу заедниците, преку развојот на партиципативната демократија. Конкретната цел на проектот е да се поддржи градењето доверба меѓу заедниците преку поттикнување на заедничките интереси и стимулирање на локални акции во процесот на донесување на одлуки; Зајакнување на капацитетите на локалните ГО за застапување базирано на докази; како и воспоставување на соработка и вмрежување со соодветните  донесувачи на одлуки и други

цосв3

засегнати страни. Проектот се реализира од јануари 2016 –  август 2018.  Во понатамошната имплементација на проектот како Втора компонента следи: Граѓански форуми во заедниците за идентификување на заеднички приоритети во општината. Овие приоритети ќе бидат дефинирани на јавни собири на граѓани – форуми преку дискусија и планирање, средба на граѓани, идентификација на важни прашања за сите заедници, заеднички пристап за решавање на заеднички прашања и поделба на  граѓаните во тематски групи . После реализацијата на активноста Форуми за граѓани во општина Чашка во рамките на проектот, ќе биде објавен повик (во месец јануари 2018 година) за ре-грантирање, односно грант во максимален износ од 5.000 Еур ќе биде доделен на граѓанска организација со седиште во Општина Чашка која во зависност од дефинираните проблеми по области, ќе аплицира со најдобра проектна идеја. На оваа средба од страна на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес беше присутен старешината на одредот , м-р Ангелче Гушев.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.